25 години од нападите

11.09.2026 09:57

Со комеморации во Њујорк и Пентагон, САД денеска се сеќаваат на жртвите од најсмртоносниот терористички напад на американско тло.

Америка обележува 25 години од терористичките напади на 11-ти септември 2001-ва. Дента кога 19 милитанти на Ал Каеда урнаа четири авиони во кулите на Светскиот трговски центар во Њујорк, Пентагон и Пенсилванија при што загинаа речиси 3.000 луѓе. Меморијалниот центар во Њујорк, место на сеќавање на жртвите.

„Работев овде, но за среќа, во тоа време бев во Бруклин на состанок, па за влакно го избегнав настанот. Видов како чадот навлегува во зградата“.

„Мислам дека многу луѓе сега се многу повознемирени. Секој звук што ќе го слушнете може да значи нешто“.

Американскиот претседател Трамп ќе биде на комеморацијата во Пентагон, каде загинаа 184 луѓе. Во Далас отворена изложба за нападите од поранешниот претседател Џорџ Буш.

„Неверојатно е, особено ако се земе предвид дека ја одбележуваме 25-годишнината од настаните на 11-ти септември. Навистина беше многу трогателно. Длабоко нè погоди.“

„Се наоѓаме на другиот крај на земјата, па затоа овде живее сосема поинакво население кое можеби нема исти чувства за овие настани, оттаму, можноста да ја видат оваа изложба е од големо значење.“

По 11-ти септември немало големи терористички напади во САД. Но, безбедносните сили се реорганизираа за да спречат идни напади.

„Веројатноста за напад од размерите на оној од 11-ти септември е зголемена поради кратењата на средствата. Постојат места во Африка, Авганистан, каде што им дозволуваме на терористичките организации повторно да се организираат“.

„Иран може да ја активира својата мрежа. Не само посредничките мрежи што се наоѓаат на Блискиот Исток, туку и мрежи што можат да дејствуваат во Европа и во Северна Америка, со цел да нападнат“, вели Керолајн Роуз-експерт за тероризам.

Терористичките напади на 11-ти септември беа организирани од Ал Каеда под водство на Осама Бин Ладен роден во Саудиска Арабија кој раководеше со терористичката организација од база во Авганистан додека владееја талибанците. САД извршија инвазија на Авганистан во октомври 2001-ва и Ирак во 2003-та каде се бореа против Ал Каеда. Американските специјални сили во 2011-та го ликвидираа Осама Бин Ладен.

Ирина Гелевска