МВР

Претрес во Куманово, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице

11.09.2026 10:27

Вчера во 13:45 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода А.И.(53) од Куманово

Вчера во 13:45 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода А.И.(53) од Куманово, информираат од МВР.

При претрес во неговиот дом, извршен по судска наредба, бил пронајден и одземен хероин.

Тој е приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.