Хрватска

Ученик избоде соученик и хигиеничарка во училиште во Загреб

11.09.2026 14:44

Ученик и хигиеничарка во средно училиште во загрепската населба Волтино утрово се ранети со нож, соопшти хрватската полиција.

Ученик и хигиеничарка во средно училиште во загрепската населба Волтино утрово се ранети со нож, соопшти хрватската полиција. Нападот го извршил друг ученик, кој според хрватските медиуми за време на инцидентот носел фантомка.

Тој е приведен, а повредените се хоспитализирани. Полицијата го истражува и утврдува мотивот за нападот.