МВР

Во тек голема акција на МВР - претреси на повеќе локации

11.09.2026 12:39

МВР денеска спроведува координирана акција, којашто опфаќа претреси на повеќе локации. Станува збор за случајот, поврзан со сомнежите за незаконско издавање и фалсификување возачки дозволи...

МВР денеска спроведува координирана акција, којашто опфаќа претреси на повеќе локации. Станува збор за случајот, поврзан со сомнежите за незаконско издавање и фалсификување возачки дозволи за Ц и Д категорија. Акцијата е во тек, со цел расчистување на случаите и обезбедување материјални докази, велат од полицијата.

За овој случај постапување и внатрешната контрола во МВР, по сомнежите дека вработени во управните служби биле вклучени во незаконско додавање категории во возачките дозволи, за што наплаќале по 1.400 евра.

Се истражува и колку возачки дозволи биле издадени на ваков начин.