МНР: Не се крши меѓународното право со употребата на уставното име
Македонија ќе ги продолжи преговорите во духот на добрососедството...

Министерството за надворешни работи, преку соопштение негира дека грчката позиција за името за севкупна употреба е заснована на меѓународното право. Во допис до медиумите, грчкото МНР тврдеше дека, и употребата на привременото име е кршење на меѓународното право.
„Дека Грција е таа која не го почитува меѓународното право, потврди и Меѓународниот суд, наведенета практика на користење на уставното име, Република Македонија, вклучително при воспоставувањето дипломатски односи и обраќањето кон Република Македонија од страна на државите, на ниеден начин не претставува повреда на меѓународното право“, наведува МНР.
Македонија ќе ги продолжи преговорите во духот на добрососедството. Од друга страна, јавното декларирање на непопустливи, црвени политички линии и преговарачки позиции, по правило не претставуваат одраз на постоење добра волја и подготвеност за демократски дијалог, стои во соопштението од македонското МНР.
