Лавина реакции по укинувањето на пресудата за „Ласкарци“
Одлуката на Врховниот суд да ги укине пресудата за „Ласкарци“ предизвика и политички реакции. Премиер Мицкоски разочаран од одлуката на Врховниот суд. Вели, ваквите одлуки создаваат недоверба кон целиот правосуден систем. Од СДСМ не сакаат да ја коментираат конкретната одлука на Врховниот суд. Реагираа и од „Левица“ - и седум и пол години по несреќата кај Ласкарци, сè уште немаме конечна правда.

Десетиците жртви и големиот број на трајни инвалиди, по сообраќајната несреќа кај Ласкарци, не се доволна причина за дел од судиите и обвинителите да застанат на страната на правдата. Наместо тоа, тие остануваат верни слуги на оние којшто во минатото ги поставиле на функциите. Македонскиот премиер Христијан Мицкоски разочаран од одлуката на Врховниот суд да ја укине пресудата за случајот Ласкарци, вели дека токму ваквите одлуки создаваат недоверба кон целиот правосуден систем.
Од СДСМ не сакаат да ја коментираат конкретната одлука на Врховниот суд. Но, лидерот на партијата Венко Филипче, тврди дека Мицкоски продолжувал со обидите на јавноста да и прикаже дека СДСМ и ДУИ имале контрола врз дел од судството. Тој додаде дека во услови на нарушена доверба кон правосудството, неопходно е воведување на европски правосуден систем.
Реагираа и од „Левица“. И седум и пол години по несреќата кај Ласкарци, сè уште немаме конечна правда. Имавме истрага, обвинение, вештачења, супервештачење, првостепена пресуда, потврда на вината и зголемување на казните од страна на Апелацискиот суд и затворски казни за осудените, за на крај, Врховниот суд да ја урне правосилноста и предметот да го врати на повторно судење, велат од „Левица“.
Марија Котовска
