Засилени контроли за електрични тротинети – 33 прекршоци
Секторот за сообраќајни работи при МВР контролата ја спроведе во периодот од 17 до 21 часот, со цел санкционирање на прекршоците што ги прават возачите на електрични тротинети.

Вкупно 33 прекршоци поврзани со управување електрични тротинети се констатирани во засилена акциска контрола на Министерството за внатрешни работи спроведена вчера на територијата на целата држава. Утврдени се и 300 прекршоци од друг вид.
Секторот за сообраќајни работи при МВР контролата ја спроведе во периодот од 17 до 21 часот, со цел санкционирање на прекршоците што ги прават возачите на електрични тротинети.
Најголем дел од констатираните прекршоци се однесуваат на некористење велосипедска патека, велосипедска лента или патека наменета за велосипедисти. Утврдени се и случаи на управување електричен тротинет од лица помлади од 18 години, како и некористење рефлектирачки елек кога тоа е предвидено со закон.
За сите констатирани прекршоци преземени се соодветни мерки и изречени се санкции согласно законските прописи.
Од МВР информираат дека продолжуваат со засилени сообраќајни контроли, со цел зголемување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот и доследно почитување на сообраќајните правила.
