Судство

Советот на јавните обвинители формираше две комисии за избор на нов шеф на ОЈО ГОКК

11.09.2026 14:26

Јавните обвинители на непосредно и тајно гласање на 28-ми октомври ќе го кажат своето мислење, кој од предложените кандидати заслужува да раководи со обвинителството кое открива и гони висока корупција и сложен криминал...

Советот на јавните обвинители формираше две комисии кои ќе го организираат и спроведат изборниот процес за нов шеф на ОЈО ГОКК.

На огласот се пријавиле петмина: вишиот обвинител Јован Цветановски, поранешниот обвинител на СЈО Трајче Пеливанов, Лидија Раичевиќ од скопското обвинителство и обвинителите од ОЈО ГОКК Искра Хаџи Василева и Фатон Азизи.

Јавните обвинители на непосредно и тајно гласање на 28-ми октомври ќе го кажат своето мислење, кој од предложените кандидати заслужува да раководи со обвинителството кое открива и гони висока корупција и сложен криминал.

Сега со ова обвинителство раководи Ислам Абази, кој беше избран на изборите што се одржаа во 2022 година.