Политика

Пратенички прашања од опозицијата во Собранието

11.09.2026 18:07

Во Собранието на пленарна седница, два часа резервирани за пратенички прашања од опозицијата. Пратениците прашуваат, власта одговара.

Најдоброто основно училиште Киро Глигоров на почеток од учебната година е претворено во градилиште, наместо реконструкцијата да се завршеше за време на распустот. Родителите се во шок, иако договорот за градежни активности е потпишан во февруари, работата на терен започнала дури на 7-ми август. Зошто дозволивте нередовна настава, праша пратеничката Сања Лукаревска од СДСМ.

Министерката за образование Јаневска појаснува-одобрението за реконструкција е од 28-ми јули. Проблем е што децата не учат и повика на обединување околу образованието и здравството. Ја обвини опозицијата дека со популизам сака да го крене рејтингот на партијата.

Министерот за здравство Клековски одговарајќи на прашање посочи дека состојбата со западнонилската треска секогаш е непредвидлива. Прскање против комарци имало во мај, за разлика од минатите години кога се прскало во јуни. Преземени се сите мерки за заштита, а фокусот на здравствените власти бил насочен кон граѓаните над 60-годишна возраст, кои се сметаат за најризична група за потешки последици од инфекцијата.

Миле А. Ристески