МВР

МВР во акција за фалсификувани возачки дозволи

11.09.2026 17:46

Претреси на 32 локации, меѓу кои домови и објекти на МВР, се вршат во координирана акција поради сомневања за незаконско издавање и фалсификување возачки дозволи за Ц и Д-категорија. Акцијата ја спроведуваат МВР и ОЈО Скопје, со цел обезбедување материјални докази за сомневања за кривично дело „Фалсификување исправа“.

Министерството за внатрешни работи со координирана акција поради сомневања за незаконско издавање и фалсификување возачки дозволи за Ц и Д-категорија, односно за управување со товарно возило и автобус. Се вршат претреси на 32 локации, во домови, но и во МВР, со цел расчистување на случајот и обезбедување материјални докази.

„МВР спроведува координирана акција со претреси на повеќе локации поради сомненија за незаконско издавање и фалсификување возачки дозволи за Ц и Д-категорија“-стои во соопштението од МВР.

Акцијата се реализира врз основа на судски наредби издадени од судија на претходна постапка, а по претходно барање и поднесена иницијатива од надлежен јавен обвинител од ОЈО Скопје.

„Се преземаат и други дејствија заради обезбедување докази поради сомненија за кривично дело – Фалсификување исправа од член 378 од Кривичниот законик“-стои во соопштението од Основно јавно обвинителство-Скопје.

Акцијата следува откако минатиот месец беше обзнането дека Внатрешната контрола на Министерството за внатрешни работи истражува случај во кој вработени во управните служби на полицијата незаконски додавале категории во возачките дозволи на лица што никогаш не полагале за управување камион или автобус.

 

Марина Стојанова-Тонева