Двајца пациенти со западнонилска треска се лекуваат на Неврологија
Научните студии покажуваат дека вирусот Западен Нил може да остави последици и по прележувањето, особено кога е зафатен нервниот систем.Од Клиниката велат дека закрепнувањето не завршува секогаш со исчезнувањето на акутните симптоми, а невролошките последици може да бараат подолг период на лекување...

Акутната фаза завршува, но за дел од пациентите тука не завршуваат и здравствените проблеми. Научните студии покажуваат дека вирусот Западен Нил може да остави последици и по прележувањето, особено кога е зафатен нервниот систем.
Кај овие пациенти е потребно дополнително следење и третман. Од Клиниката велат дека закрепнувањето не завршува секогаш со исчезнувањето на акутните симптоми, а невролошките последици може да бараат подолг период на лекување.
За пациентите кои имаат потреба од невролошка дијагностика и третман, условите сега се подобрени. Одделот за неврофизиологија е целосно реновиран. Но, обновувањето на еден оддел не го решава проблемот со расцепканоста на клиниките. И за пациентите и за здравствените работници, велат од Клиниката, потребен е интегриран Клинички центар – систем во кој дијагностиката и лекувањето ќе бидат на едно место. Од Владата велат дека се работи на овој план.
Плановите не се однесуваат само на Скопје. Премиерот Мицкоски рече дека има заинтересирани странски инвеститори и за здравствените капацитети во Штип, Тетово и Кичево.
Наташа Јанчиќ Менковски
