Шуто Оризари

20-ина дуќани изгореа во пожар

11.09.2026 18:02

Огнот избувнал 20-ина минути по три часот...

20-ина дуќани за текстил, сопственост на едно лице, кои се наоѓаат во трговски центар, ноќеска изгореа во пожар во Шуто Оризари. Огнот избувнал 20-ина минути по три часот. Повеќе од три часа, 15 пожарникари со шест противпожарни возила се бореле со пламените јазици.

За среќа нема повредени, се работи на утврдување на причините за пожарот.