Путин ја предупреди Европа: Испраќањето војници во Украина би значело војна со Русија

12.09.2026 10:26

Рускиот претседател Владимир Путин со ново предупредување до Европа - испраќањето европски војници во Украина би значело директен конфликт со Русија. Путин порача дека Москва не претставува закана за европските земји и ги повика нивните лидери да не ги туркаат сопствените народи кон војна.

Рускиот претседател Владимир Путин ја предупреди Европа да не ги „турка народите на сопствените земји кон војна со Русија“, оценувајќи дека евентуалното испраќање европски војници во Украина би значело директен конфликт со Москва.

„Сега зборуваат за тоа како размислуваат да испратат војници на украинска територија. Тоа значи војна со Русија и претпоставувам дека граѓаните на европските земји разбираат што се случува“, изјави Путин за руските медиуми по билатералните средби пред самитот на БРИКС во Њу Делхи.

Тој истовремено нагласи дека Русија не претставува закана за Европа.