Тензиите на Блискиот Исток не стивнуваат - нови судири и десетици илјади раселени

12.09.2026 10:31

Не стивнуваат тензиите на Блискиот Исток. Во Оман ќе се разговара за комерцијалната пловидба низ Ормускиот Теснец, Израел соопшти дека уништил тунелска инфраструктура на Хезболах во јужен Либан, а во Јемен продолжуваат борбите меѓу владините сили и Хутите.

Продолжуваат тензиите на Блискиот Исток. Во Оман в понеделник ќе се разговара за комерцијалната пловидба низ Ормускиот Теснец, Израел соопшти дека уништил тунелска инфраструктура на Хезболах во јужен Либан, додека по ескалацијата на борбите во Јемен се раселени повеќе од 46 илјади луѓе.

Иранското Министерство за надворешни работи соопшти дека в понеделник во Оман ќе се одржи состанок со претставници на Ирак и на земјите од Персискиот Залив, на кој ќе се разговара за рутите за комерцијална пловидба низ Ормускиот Теснец.

Израелската војска соопшти дека во јужен Либан го уништила главниот тунелски систем на Хезболах под гребенот Али Тахер. Според наводите на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и министерот за одбрана Израел Кац, уништени се две рути.

Продолжуваат и борбите во Јемен. Меѓународната организација за миграции соопшти дека повеќе од 46 илјади луѓе се раселени по ескалацијата на судирите меѓу владините сили и Хутите.