35 загинати во пожар на траект на Филипините, 54 лица се водат како исчезнати

12.09.2026 10:36

Бројот на загинати во пожарот на траект во западната филипинска провинција Палаван се зголеми на 35. Спасени се 43 лица, додека 54 сè уште се водат како исчезнати.

Спасувачките екипи вчера пронашле 30 тела, соопшти филипинската крајбрежна стража. На бродот имало 132 патници, а не 134, како што првично беше соопштено.

Пожарникарите успеале дури вчера да се качат на пловилото поради густиот чад и високата температура предизвикана од пожарот.