„Безбеден град“ почна да функционира и на подрачјето на СВР Велес

12.09.2026 12:44

Системот за сообраќаен надзор „Безбеден град“ почна да функционира и на подрачјето на СВР Велес. Од МВР очекуваат засилен надзор, побрзо откривање на сообраќајните прекршоци и поголема дисциплина кај возачите. Целта е до крајот на годината системот да профункционира на територијата на целата држава.

Системот за сообраќаен надзор „Безбеден град“ почна да функционира и на подрачјето на СВР Велес. Со неговото активирање се очекува да се овозможи постојан и засилен надзор на сообраќајот, побрзо откривање на прекршоците и зголемување на дисциплината кај возачите.

Од МВР велат дека системот ќе овозможи навремено откривање на сообраќајните прекршоци, поголема сообраќајна дисциплина и унапредување на безбедноста на патиштата.

Оттаму апелираат до возачите да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и со одговорно однесување да придонесат за намалување на ризиците и зголемување на безбедноста на патиштата.

„Безбеден град“, освен во Скопје, се применува и на коридорите 8 и 10, како и во Охрид, а неговото проширување треба постепено да продолжи и на подрачјата на другите сектори за внатрешни работи. Целта е системот до крајот на годината да профункционира на територијата на целата држава.