ООУ „Ѓорѓи Сугарев“ - сервис за сите деца со атипичен развој во Битола

12.09.2026 12:48

Во Општинското основно училиште „Ѓорѓи Сугарев“ во Битола е отворена првата ресурсна соба за деца со атипичен развој. Училиштето располага и со логопедска, дефектолошка и сензорна соба, единствена од ваков тип во државата, а ангажирани се дури дванаесет дефектолози.

Перцепцијата на децата со атипичен развој, особено на оние од аутистичниот спектар, е поинаква во однос на другите ученици. За време на наставата секое од нив има различни и дополнителни потреби за задржување на вниманието, раскажува Анастасија, личен асистент.

Во рамките на основното училиште „Ѓорѓи Сугарев“ работат дури дванаесет дефектолози.

Новосоздаденото училишно катче е осмислено како современо, безбедно и пријатно место за поддршка на учениците и за унапредување на инклузивната практика.

Ресурсната соба, наменета за дополнителна образовна поддршка и развој на различни вештини, е донација од шведската невладина организација „Hand Till Hand“.

Ова општинско основно училиште располага и со логопедска, дефектолошка и сензорна соба, единствена од ваков тип во државата. Преку стручна поддршка и соодветни третмани, училиштето обезбедува услуги за учениците со атипичен развој во Битола.

Ружица Аџикотарева-Ѓоршевска