Руралната жена мора стопански да зајакне

12.09.2026 16:48

Жената има голема улога во руралното производство на храна. Сè уште е недоволно видлива и мора стопански да зајакне. Саемите се вистинско место за промоција на малите производители, а домашното производство, исполнето со традиција, е барано на пазарот. Во Прилеп се одржа Саемот „Рурална жена“.

Арбана Маркоска од Прилеп веќе пет години сама произведува стотици килограми овчо сирење. Занаетот го научила од сопругот, кој е задолжен за чување на стадото овци.

Производители од Пелагонискиот Регион на млечни производи, мед и производи од мед, традиционална домашна храна и ракотворби учествуваа на петтиот Саем „Рурална жена“ во Прилеп. Саемот е вистинско место за промоција на малите производители, а домашните производи се сè побарани на пазарот.

Жената има голема улога во руралното производство. Сè уште е недоволно видлива и мора стопански да зајакне.

Во рамките на саемот се одржа и панел-дискусија на тема „Агроекологија, зелени иновации и женско претприемништво“.

Елизабета Митреска