Сончево и посвежо, засилен ветер долж Повардарието
Сончево и посвежо време ќе преовладува денеска, со температури до 30 степени и повремено засилен северозападен ветер долж Повардарието.

Денеска ќе преовладува сончево и посвежо време, со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, кој наместа долж Повардарието повремено ќе засилува и ќе достигнува брзина над 50 километри на час.
Минималната температура ќе се движи од 11 до 19 степени, а максималната од 22 до 30 степени.
Во Скопје ќе биде претежно сончево, со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 14 степени, а максималната ќе достигне до 28 степени.
Во текот на новата седмица ќе преовладува сончево и посвежо време, со мала до умерена локална облачност во текот на денот. Температурите ќе се задржат во границите на просекот за овој период од годината.
