Арапските министри во Мускат ќе разговараат за безбедна пловна рута низ Ормускиот Теснец

13.09.2026 09:19

Министрите за надворешни работи на арапските земји утре ќе се состанат во Мускат, каде што ќе разговараат за воспоставување безбедна пловна рута меѓу Иран и Оман низ Ормускиот Теснец.

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан изјави дека на состанокот треба да биде потпишан договор за воспоставување заедничка пловна рута, а за резултатите од средбата ќе биде информирана и Меѓународната поморска организација.

Пезешкијан изјави дека Иран повторно ќе го отвори Ормускиот Теснец кога Соединетите Американски Држави ќе ги прекинат блокадата и нападите.