Бројот на загинати во пожарот на траектот на Филипините се искачи на 76

13.09.2026 09:21

Спасувачките екипи извлекоа уште неколку тела од патничкиот траект на Филипините, кој беше целосно уништен од пожар. Бројот на загинати се искачи на 76, додека 13 лица сè уште се водат како исчезнати.

Од 132 лица кои биле на бродот, 43 преживеале. Причината за пожарот сè уште не е утврдена, но портпаролот на крајбрежната стража пренесе изјава на еден од преживеаните, според кого пожарот можеби избувнал во товарниот простор.

Властите трагаат по капетанот на бродот, за кого се верува дека преживеал, но неговото име не се наоѓа на списокот на преживеани.

Во истрагата се вклучени повеќе надлежни служби, кои треба да ги утврдат причините за пожарот, како и евентуалната одговорност на капетанот и екипажот на бродот.