Шведска

Швеѓаните гласаат на парламентарни, регионални и локални избори

13.09.2026 09:24

Шведските граѓани денеска излегуваат на парламентарни избори, во исклучително неизвесна трка меѓу актуелниот десничарски блок и сојузот на левиот центар, предводен од социјалдемократите.

Исходот од гласањето може да одлучи дали земјата ќе продолжи да биде предводена од актуелниот десничарски блок или власта ќе ја преземе сојузот на левиот центар, предводен од социјалдемократите и нивната лидерка Магдалена Андерсон. Анкетите укажуваат на исклучително тесна и неизвесна трка.

Швеѓаните истовремено гласаат и на регионални и на локални избори.

Шведскиот политички систем традиционално се потпира на коалиции, компромиси и малцински влади, па победата на еден блок не гарантира нужно формирање стабилна влада.

Резултатите на помалите партии би можеле да бидат одлучувачки при составувањето на новото владејачко мнозинство.