Загрижувачки низок опфат со вакцинација во Куманово

13.09.2026 10:34

Стартот на учебната година донесе и засилени контроли на вакциналниот статус на учениците. Дел од родителите се уште избегнуваат или одложуваат имунизација. Здравствените работници од Куманово предупредуваат, опфатот е далеку од потребните 95 отсто. Дополнително загриженост предизвикува и епидемијата на морбили во соседството.

Учебната година почна, а со неа и засилената проверка на вакциналниот статус кај децата. Во Куманово учениците кои имале пропуштено вакцина според редовниот календар, дошле да го комплетираат имунизацискиот статус. Оние на кои им недостигала вакцина ја примиле и добиле потврда. На останатите, родителите добиле совет и нов датум. Но, од Детскиот диспанзер информираат: некои пропуштаат вакцинација затоа што забораваат, други свесно избегнуваат. Бројките загрижувачки и далеку од потребниот опфат.

„Куманово е во градови со многу низок опфат. Со МРП вакцината за првата доза е многу ниско, околу 40 отсто, далеку сме до 95 отсто кој очекуваме да имаме, додека за втората доза имаме некаде 80 отсто. Оние што примиле веќе прва доза, тие веќе нормално си ја примаат. Имаме проблем оној што не ја примил, не сака да се вакцинира и во училиште“, истакна д-р Валентина Богоевска-Димитриевска, началник на Детскиот диспанзер Куманово.

Дополнителна причина за загриженост е и епидемиолошката состојба во регионот.

Лош е опфатот и со вакцината против тетанус кај средношколците. Истиот се движи од 70 до 80 отсто.

Здравствените работници потенцираат: неопходна е поголема одговорност од родителите, но и посилна едукативна кампања. Соработуваат и со Државниот санитарен и здравствен инспекторат и доставуваат листи на дечињата кои воопшто не се имунизирани.

Елена Георгиевска