Финансиска поддршка за поголема конкурентност на компаниите

13.09.2026 10:37

Министерството за економија и труд преку два јавни повици им нуди финансиска поддршка на македонските компании за технолошки развој и поголема конкурентност. Интерес и за циркуларната економија, нов тренд во Европа. Повиците се до 15 септември.

Многу иновативни методи во компаниите за подобрување на конкурентноста на домашниот и на странскиот пазар, поврзување со странски компании, нудат двата јавни повици на Министерството за економија и труд, на кои компаниите имаат можност до утре да се пријават.

Едниот е за продлабочување на соработката на компаниите со универзитетите за технолошки развој, а другиот за повисоки стандарди во работењето и поголема конкурентност. За првиот повик буџетот е 5, а за вториот - 2 милиона денари.

Дури 70 проценти од трошоците ги покрива ресорното министерство.

Последен тренд е циркуларната економија, многу барана во Европа. Деновиве, во прилепската индустриска зона, компанијата ВИК, меѓу првите, отвори нов погон за циркуларна економија и отвори 300 нови работни места.

Јавните повици на Министерството за економија треба да ги подобрат економската клима, БДП и животниот стандард.

Елизабета Митреска