СВР Струмица излегува во пресрет на дрвосечачите за да не го загрозуваат сообраќајот
Струмичката полиција со општествено одговорни компании ќе подели дополнителна опрема со која дрвосечачките машини ќе ги исполнат нормативите на Законот за безбедност на сообраќајот за во сезоната на сечење дрвја да ја извршуваат дејноста. Десетици граѓани од социјален ризик секоја есен со импровизирани машини вршат сечење на огревно дрво.

Почна сезоната на сечење на огревно дрво во Струмичко, а со тоа се интензивираа и дрвосечачките машини во сообраќајот по локалните патишта и улици во регионот. Меѓу учесниците е и Невзат Јакупов во Струмица, кој веднаш тргнува доколку здогледа камион полн со дрва што се носат кај одредено домаќинство. Наплаќа по 400 денари за кубик.
Но, машината на Јакупов не е регистрирана, ниту пак може да влезе во одредбите на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата. Од СВР Струмица велат дека се работи на проект со кој постојните машини ќе се надградат благодарение на општествено одговорни компании.
Доброупатените тврдат дека најмалку стотина лица сезонски работат на сечење дрвја со импровизирани машини, а целта е да им се овозможи легално учество во сообраќајот.
Ване Трајков
