Нови руски напади врз Украина, Москва отфрла средба Путин - Зеленски
Жртви и десетици ранети во нови руски воздушни напади врз повеќе украински региони, додека продолжуваат и украинските удари врз цели во Русија. Москва ја отфрли иницијативата за директна средба Путин - Зеленски на маргините на Самитот на Г20.

Жртви и десетици ранети во руски воздушни напади врз неколку украински региони.
Бројот на цивилните жртви во Украина нагло се зголеми во последните два месеца поради засилените удари врз електроцентралите и друга критична инфраструктура.
Од друга страна украинските сили изведуваат напади со долг дострел врз енергетски објекти и магацини во оддалечените области на Русија.
Кремљ ја отфрли иницијативата на украинскиот претседател Зеленски за директна средба со Путин на маргините на самитот на Г20, кој во декември треба да се одржи во САД.
Рускиот министер за надворешни работи Лавров изјави дека Москва е подготвена да води разговори со Украина, но нема намера да ги прекине непријателствата за време на таквите контакти.
