Продолжува проширувањето на булеварот Александар Македонски
Во текот на градежните работи, средишната жардиниера на дел од булеварот Александар Македонски е скратена со што сообраќајната лента за вртење во лево кон улицата „16-та Македонска бригада“ е продолжена за 120 метри, соопштуваат од Град Скопје...

Екипите на Градот Скопје деновиве прошируваат дел од булеварот „Александар Македонски“ пред крстосницата со улицата „16-та Македонска бригада“, во Автокоманда.
Во текот на градежните работи, средишната жардиниера на дел од булеварот Александар Македонски е скратена со што сообраќајната лента за вртење во лево кон улицата „16-та Македонска бригада“ е продолжена за 120 метри, соопштуваат од Град Скопје.
На терен е извршен ископ, нанесен е тампонски слој, а во наредните денови продолжената сообраќајна лента ќе се асфалтира. Со тоа, ќе се овозможи непречен проток на возилата кон улицата „16-та Македонска бригада“, без застои и ќе се намали сообраќајниот метеж.
На терен работат екипите на ЈП „Улици и патишта“.
Градежните работи за проширување на оваа крстосница ќе продолжат на аголот пред Шумарскиот факултет, каде што ќе се прошири едната сообраќајна лента на улицата „16-та Македонска бригада“, за вртење во десно кон булеварот „Александар Македонски“.
Пред еден месец, булеварот „Александар Македонски“ беше проширен за една сообраќајна лента со ширина од 3,5 метри, во делот пред и по свртувањето во десно кон улицата „16-та Македонска бригада“, кон базата на Противпожарната бригада.
Коловозот на булеварот „Александар Македонски“ беше проширен во должина од 150 метри.
