Мицкоски со позитивна оценка за економијата и прославата на независноста, СДСМ бара истрага за потрошените средства
Власта и опозицијата со спротивставени ставови за економијата и трошоците за одбележувањето на 35-годишнината од независноста.

Три години опозицијата вели дека ќе банкротираме и дека економијата е во колапс, но ние ги остваруваме зацртаните цели, коментира шефот на Владата, Христијан Мицкоски. Лоша вест е само за опозицијата, но не и за граѓаните, позитивно оценетиот кредитен рејтинг на земјава, вели премиерот, кој нагласува дека ја следи опозициската естрада, која единствено не е задоволна од прославата за 35-годишнината од независноста. Мицкоски потенцира дека средствата кои се дел од резервите на Државната лотарија, Владата сега ги насочува назад кон граѓаните, културата и уметниците.
Мицкоски ги излажа граѓаните дека прославата на независноста чини „нула денари“. Сега сите знаат дека се потрошени 5,5 милиони евра, став на СДСМ. Според опозициската партија, Владата ги крие документите, сумите, договорите, анексите и добавувачите и побара истрага.
И додека опозицијата бара одговори за потрошеното, премиерот Мицкоски вели дека ќе се продолжи со ваквиот начин на чествувања.
Миле А. Ристески
