Регистриран прв случај на ебола во САД!

01.10.2014 11:28

Американските здравствени власти потврдија дека во Далас, во сојузната држава Тексас, е регистриран првиот случај на ебола во САД.

Претставник на презвитеријанската болница во овој американски град изјави дека пациентот, чиј идентитет не се открива, е ставен во целосна изолација. Здравствените експерти веруваат дека овој пациент се заразил со смртоносниот вирус на ебола во Либерија,пред да допатува во САД,од пред 11 денови.

Според директорот на тексашкиот Центар за контрола на заразните болести и за превенција,Томас Фраиден,човекот допатувал од Либерија на 19 септември, без никакви симптоми на вирусот. Тие почнале да се јавуваат на 24 септември, а четири денови подоцна веќе било потврдено дека човекот е заразен со ебола.

Засега само се знае дека заболениот пациент не е некој од хумантарците кои помагнаат во згрижувањето и негувањето на заразените лица во оваа африканска земја.