ФЗОМ

Перински: Над 623 милиони денари исплатени за боледувања во август

14.09.2026 11:48

Перински, денеска ќе одржи средба со новинарите, на која фокусот ќе биде ставен на исплатата на надоместоците за привремена спреченост од работа...

Директорот на Фондот за здравствено осигурување, Златко Перински, денеска ќе одржи средба со новинарите, на која фокусот ќе биде ставен на исплатата на надоместоците за привремена спреченост од работа.

Од ФЗОМ информираат дека во август биле исплатени над 623 милиони денари за боледувања, од кои повеќе од 414 милиони денари се однесуваат на породилни надоместоци.

На средбата ќе се разговара и за активностите за воспоставување редовна и предвидлива динамика на исплата на надоместоците, односно нивна исплата месец за месец.