ЦУК

11 пожари на отворено во изминатото деноноќие, еден под контрола

14.09.2026 09:08

Во изминатото деноноќие во земјава биле регистрирани 11 пожари на отворен простор. Според ЦУК, 10 се изгаснати, а еден е ставен под контрола. Станува збор за пожарот кај селото Белица во Македонски Брод, каде гори нискостеблеста и мешана шума.

Во текот на изминатото деноноќие биле регистрирани 11 пожари на отворен простор, а утринава до 7:30 часот ниту еден не е активен, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Од регистрираните пожари, од ЦУК велат дека 10 се изгаснати, а еден е под контрола.

Под контрола е пожарот кај селото Белица во Општина Македонски Брод кај местото викано Кајорец, каде гори нискостеблеста и мешана шума. Овој пожар е активен неколку дена, а на негово ставање под контрола во саботата интервенираа над 60 лица кои дејствуваа паралелно и од страната на Скопје и од Македонски Брод. Во акцијата беа вклучени тимови на јавното претпријатие „Јасен“ и екипи на ДЗС опремени со теренски возила „пинцгауер“

Според ЦУК, изгаснатите пожари се во повеќе делови од земјата каде гореле ниска вегетација, стрништа и ѓубре.