Зверев го освои УС Опен
Зверев славеше со 6:3, 7:6 (7:2), 5:7, 6:2 во меч кој траеше три часа и 36 минути. Вториот носител одигра сигурно во клучните моменти и со уште една убедлива победа ја потврди одличната сезона.

Германскиот тенисер Александар Зверев е победник на УС Опен 2026, откако во финалето во Њујорк го совлада Американецот Бен Шелтон со 3:1 во сетови.
Зверев славеше со 6:3, 7:6 (7:2), 5:7, 6:2 во меч кој траеше три часа и 36 минути. Вториот носител одигра сигурно во клучните моменти и со уште една убедлива победа ја потврди одличната сезона.
Дваесет и деветгодишниот Зверев реализираше четири од шест брејк-топки и запиша девет аса, додека Шелтон имаше 10 директни поени од сервис, но искористи само една од трите брејк-топки.
За Зверев ова е втор триумф на Гренд слем турнир во 2026 година, по титулата на Ролан Гарос. Во Њујорк тој стигна до своето второ финале, откако во 2020 година загуби од Доминик Тим.
Шелтон, пак, го одигра своето прво Гренд слем финале. Зверев ја продолжи и својата доминација во меѓусебните дуели – ова беше негова шеста победа во исто толку натпревари против Американецот.
Фото: BBC
