Култура
Александар Степанулески – добитник на наградата „Ристо Шишков“ за 2026 година
14.09.2026 12:25
Во образложението на жирито, Степанулески имал силно сценско присуство и прецизни промени и уверлива актерска игра...

Наградата за највисоко актерско остварување на годинашново издание на Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“ во Струмица ја понесе актерот Александар Степанулески за улогата на Луков во претставата „Црнила“ од Коле Чашуле, во режија на Дејан Пројковски, во изведба на Прилепскиот народен театар.
Во образложението на жирито, Степанулески имал силно сценско присуство и прецизни промени и уверлива актерска игра.
Годинава на ФКТ Ристо Шишков беа одиграни 10 претстави а за единствената награда конкурираа 40-тина актери.
