Рибакина нова светска тенисерка број 1
Рибакина, која настапува за Казахстан, со освојувањето на Отвореното првенство на САД стигна до 9.901 бод и за првпат во кариерата се искачи на лидерската позиција на светската ранг-листа.

Елена Рибакина од денеска е на врвот на ВТА ранг-листата, откако со триумфот на УС Опен ја симна Арина Сабаленка од првото место.
Рибакина, која настапува за Казахстан, со освојувањето на Отвореното првенство на САД стигна до 9.901 бод и за првпат во кариерата се искачи на лидерската позиција на светската ранг-листа.
Белорусинката Сабаленка, која досега беше број еден, сега е втора со 7.875 бодови. На третото место е Американката Џесика Пегула со 7.265, пред сонародничката Коко Гоф со 7.244 бодови.
Во Топ 10 следуваат Мира Андреева од Русија, Линда Носкова од Чешка, Украинката Елина Свитолина, Каролина Мучова од Чешка, Ига Швјонтек од Полска и Украинката Марта Костјук.
