УКРАИНА

Украина го нападна рускиот црноморски град Сочи

14.09.2026 12:46

Украинскиот претседател Зеленски претходно најави засилување на нападите со беспилотни летала врз цели на руска територија.Нападите се интензивирани и од руска страна...

Украинските сили извршија голем напад со дронови врз рускиот црноморски град Сочи. Во повеќе делови биле регистрирани експлозии и пожари. Украинскиот претседател Зеленски претходно најави засилување на нападите со беспилотни летала врз цели на руска територија.Нападите се интензивирани и од руска страна.

Вчера, воз беше погоден, непосредно откако поранешниот премиер на Велика Британија Џонсон и други европски советници за национална безбедност, вклучувајќи го и британскиот советник Џонатан Пауел, поминале по истата линија во друг воз на враќање од конференција во Киев.