Хрватска

Состојбата со пожарот на Брач поповолна, нема поголеми пламени и чад

14.09.2026 13:41

Состојбата со пожарот на хрватскиот остров Брач, кој избувна на 10 септември, во текот на ноќта е подобрена. Нема поголеми пламени и чад, а противпожарните служби веднаш реагираат на помалите жаришта и спречуваат нивно ширење.

Во текот на изминатата ноќ состојбата со пожарот на Брач, кој избувна на 10 септември, е поповолна. Нема поголеми пламени ниту чад, а онаму каде што ќе се појават се од помал обем и противпожарните служби веднаш реагираат и спречуваат нивно ширење, соопштија противпожарните служби.

Пламените јазици викендов беа закана за околните куќи, при што стотици луѓе беа евакуирани од островот.