Фудбал

Предизвикувачки дуели, Пандев на „Емирати“

01.10.2014 11:44

Чезаре Прандели сеуште го формира тимскиот мозаик. Еден од важните негови сегменти секако е нашиот Горан Пандев, новата аквизиција на гигантот од Босфор, кон кого се вперени очите на армијата навивачи...

Се искреше синоќа на европското фудбалско небо. Лигата на шампионите навестува сезона со голема натпреварувачка возбуда. Денеска следи ново истрчување, со предизвикувачки двојки  и резултатска неизвесност. Лондон е еден од центрите на збиднувањата. На „Емирати“ ќе играат Арсенал и Галатасарај. Тоа се двата должника кон своите приврзаници од стартното коло во кое Арсенал беше поразен во Дортмунд со 2:0, а Галататасарај дома не ја оправда фаворитската улога против Андерлехт одигрувајќи нерешено 1:1. Така, вечерва пред двата состави се испречени големи императиви- собирање бодови за едно од првите две места во групата.Арсенал во „невреме“ игра против главните опоненти.

Со секој нов ден се засилува главоболката на Арсен Венгер, бидејќи клупскиот амбиент се повеќе заличува на „болница“. На групата повредени играчи им се придружија и Рамзи и Артета, настапот на Вилшер  е под знак на прашање. Десетина имиња се надвор од игра! И Галатасарај е сеуште во „сивата“ натпреварувачка зона со нов тренер, со неколку нови фудбалери. Засега не им оди најдобро ниту во првенството на Турција. Чезаре Прандели сеуште го формира тимскиот мозаик. Еден од важните негови сегменти секако е нашиот Горан Пандев, новата аквизиција на гигантот од Босфор, кон кого се вперени очите на армијата навивачи.

Според сите информации македонскиот интернационалец ќе биде во стартниот состав. Во двете клупски архиви е запишан само еден натпревар меѓу  Арсенал и Галатасарај.И тоа каков! Финале на Купот на УЕФА во 2000-та во Копенхаген. 120 минути се играше без голови, за од белата точка со 4:1 Галатасарај го оствари најголемиот успех. 14 години подоцна , екипите влегуваат во нов бој со Озил,Санчез, Казорла, Мертезакер од едната и Муслера, Мело, Снајдер,Јилмаз, Пандев од другата.

Лига на шампиони: 2 коло

„А“ група:

Атлетико Мадрид-Јувентус

Малме-Олимпијакос

Табела:

1.Јувентус  3

2.Олимпијакос 3

3.Атлетико Мадрид 0

4.Малме  0

„Б“ група:

Лудогорец-Реал Мадрид

Базел-Ливерпул

Табела:

1.Реал Мадрид   3

2.Ливерпул        3

3.Лудогорец      0

4.Базел              0

„Ц“ група:

Зенит-Монако 18.00

Леверкузен-Бенфика

Табела:

1.Зенит     3

2.Монако 3

3.Леверкузен  0

4.Бенфика   0

„Д“ група:

Арсенал-Галатасарај  20.45 МТВ пренос

Андерлехт-Борусија Дортмунд

Табела:

1.Борусија   Дортмунд 3

2.Галатасарај    1

3.Андерлехт      1

4.Арсенал          0