Директорот Гоце Димовски во посета на компанијата Витек во ТИРЗ Скопје
Димовски ја посети компанијата Витек во ТИРЗ Скопје, каде оствари средба со директорот на компанијата, Чиријако Ло Конте...

Согласно концептот за активна и транспарентна соработка, директорот Гоце Димовски ја посети компанијата Витек во ТИРЗ Скопје, каде оствари средба со директорот на компанијата, Чиријако Ло Конте.
Во рамки на посетата, Димовски и Ло Конте разговараа за досегашното работење на компанијата, тековните активности, како и за плановите и можностите за понатамошен развој. Воедно, беше реализирана и обиколка на производствениот погон, при што беше согледан начинот на функционирање на производството, работните процеси и капацитетите со кои располага компанијата.
Димовски посочи дека Дирекцијата за ТИРЗ продолжува да биде во постојан контакт со компаниите кои работат во зоните, со цел подобро разбирање на нивните тековни потреби и поддршка на нивните развојни планови.
На средбата беше истакнато значењето на континуираната комуникација меѓу Дирекцијата и компаниите во зоните, со цел навремено идентификување на потребите и предизвиците со кои се соочуваат инвеститорите, како и создавање услови за нивно успешно работење и понатамошно инвестирање.
