Прилеп

Производителите на пиперки на протест и блокада

14.09.2026 12:39

Производителите на пиперката-ајварка протестираат и еден час го блокираа патот Прилеп-Битола. Бараат откуп на нивното производство, реална цена, средба со надлежните и интервентен фонд…

Пиперките скапуваат на нивите, речиси нема откуп, а цената е под секој минимум – само 15 денари за килограм, реагираат производителите од Прилепскиот регион кои излегоа на протест со едночасовна блокада на патот Прилеп-Битола.

Производителите доставиле барања до Владата и Министерството за земјоделство. Бараат да се обезбеди непречен откуп, по реална цена. Да се исплатат и ланските субвенции. Во оваа ситуација, велат, е потребен интервентен фонд.

Поради последните информации со забранет извоз на пиперките кон некои земји, се бара од АХВ пред излез да се испитаат за да не се нарушува кредибилитетот на производителите. Не се откажуваат од барањата, ниту од протестите.

Елизабета Митреска