Почнува втората групна фаза на СП, во 17ч Хрватска и Јапонија во живо на МРТ
Во 17 часот “Е“ групата Доминиканска Република се среќава со Белгија, а истовремено ќе играат Хрватска и Јапонија...

Со осумте натпревари во новоформираните две групи, продолжува С П во одбојка за жени што се одржува во Италија. Во 17 часот “Е“ групата Доминиканска Република се среќава со Белгија, а истовремено ќе играат Хрватска и Јапонија. Во 20.30 часот домаќинот Италија се соочува со Азербејџан, а Германија со Кина. Во “Ф“ групата во попладневните термини Србија ќе и се спротивстави на Холандија, а Турција на САД. Во вечерните термини Бразил ќе игра со Казахстан, а Бугарија против Русија.
Согласно пропозициите, во втората групна фаза се сметаат резултатите од првата, така штосо најповолни шанси во продолжението од мундијалот се Кина со 8 бода и Италија со 7 во “Е“ групата и САД со максимални 9 пред Бразил со 8 бода во рамките на “Ф“ групата.
МРТ продолжува со следење на најмалку еден меч од секое коло, а во денешната програма во 17 часот на Собранискиот сервис ќе го пренесуваме натпреварот меѓу Хрватска и Јапонија.
