Поради отсуство на сведоци, одложено судењето против 13 полициски службеници поврзани со „Пулс“
Се одложи рочиштето во судскиот процес против 13 полициски службеници обвинети за тешки дела против општата сигурност, поврзани со трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“. Причината е неприсуството на сведоците превидени за денешното рочиште...

Се одложи рочиштето во судскиот процес против 13 полициски службеници обвинети за тешки дела против општата сигурност, поврзани со трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“.
Причината е неприсуството на сведоците превидени за денешното рочиште. Родителите изразија незадоволство. Порачаа, судот да стапи во контакт нив за да се утврди причината за непојавувањето. Велат, губат нерви, време и имаат голем стрес со самото доаѓање на рочиштата. Посочија и дека се соочуваат закани за кривични пријави од бранителите.
Судијката Јанчулева Михаиловска рече дека за наредното рочиште поканите ќе бидат доставени преку полициска станица. Доколку сведоците повторно не се појават, ќе бидат применети законски механизми – парична казна и присилно доведување.
Следното рочиште е закажано за 21-ви септември.
