Девизните резерви во август речиси 2,5 милијарди евра
Девизните резерви во Македонија на крајот на август годинава изнесувале 2.449 милијарди евра и бележат зголемување од 72 милиони евра во споредба со јули.
Најголем дел од девизните резерви се чуваат во хартии од вредност кои на крајот на август изнесувале 1.936 милијарди евра, а во валути и депозити се чуваат околу 295 милиони евра.
Најмалку девизни резерви има во монетарно злато, односно 212 милиони евра.