Притворот на Дејан Јованов истекува на 3 октомври – одбраната најави гаранција во имот
Газдата на „Пулс“, Дејан Јованов, нема да избега штом биде пуштен од притвор. Ова го тврди неговата адвокатка, која најави дека Јованов ќе понуди обемна гаранција со недвижен имот, а со цел јавноста да биде уверена дека тој ќе биде достапен штом му се дозволи да се брани од слобода. Притворот истекува на годишнината од одобрувањето на обвинителниот акт...

Газдата на „Пулс“, Дејан Јованов, нема да избега штом биде пуштен од притвор. Ова го тврди неговата адвокатка, која најави дека Јованов ќе понуди обемна гаранција со недвижен имот, а со цел јавноста да биде уверена дека тој ќе биде достапен штом му се дозволи да се брани од слобода.
Притворот на Јованов по сила на закон истекува на годишнината од одобрувањето на обвинителниот акт. Поконкретно на 3-ти октомври.
Процесот продолжи со дополнителни прашања на обвинителството, а поврзани со градежното вештачење. Вештакот Викторија Димовска кажа дека дискотеката „Пулс“ била реконструирана, а просторот бил пренаменет и тоа без согласност од општината и без документи за заштита од пожари и природни катастрофи. Одбраната реагираше и побара нејзино изземање. За нив прашањата на обвинителката не се спорни, но сметаат дека вештакот е пристрасен и, како што велат – инструиран и чита одговори на претходно договорени прашања од обвинителството.
Процесот продолжува на 1-ви октомври.
Анита Димитријевска – Велковска
