Владејачката коалиција подготвена за нови преговори за Изборниот законик
Владејачката коалиција е подготвена повторно да преговара за измени во Изборниот законик доколку здружената опозиција постигне заеднички став.

Владејачката коалиција е подготвена повторно да седне на преговори за измени во изборниот законик доколку здружената опозиција излезе со заеднички став - потврди претседателот на Владата, Христијан Мицкоски.
Ситуацијата околу Изборниот законик веќе подолго време останува заглавена поради обвинувања за опструкции меѓу политичките партии.
Ставовите на опозцијата и понатаму непроменети.
За СДСМ клучни се начинот на одбележување на гласачкото ливче и гласањето на дијаспората. Левица бара една изборна единица и укинување на платенотот политичко финасирање.
Измените на Изборниот законик се дел од реформската агенда клучни за европските средства и напредокот на земјата кон ЕУ.
Марина Стојанова Тонева
