Нова опрема и возила за Царината
Македонската царина доби современа опрема и специјализирани возила за спречување на нелегалната трговија и за поддршка на трговијата.

Македонската царина доби современа опрема и возила кои ќе се користат за спречување на нелегалната трговија и за поддршка на трговијата. Евроамбасадорот Рокас рече дека се одвоени четири милиони евра за четири проекти во рамки на програмата „ЕУ против организираниот криминал во поддршка на трговијата“. Тој потсети дека Царинскиот терминал Табановце бил изграден со средства на ЕУ.
„Денешниот настан доаѓа во вистинско време, затоа што оваа есен ќе ја започнеме новата кампања на ЕУ, фокусирана на транспортот, како и на поврзаноста. Тоа што го гледаме денеска е голем дел од нашата замисла, а тоа се подобри патишта, помодерни гранични премини и поефикасни царински услуги. Сите овие работи, всушност, имаат една цел - полесно движење, побезбедни граници и подобри услови за граѓаните, како и за деловните субјекти“, изјави евроамбасадорот Михалис Рокас.
