24 пожари во изминатото деноноќие, нема активни пожари
Во изминатото деноноќие во Македонија биле регистрирани 24 пожари на отворен простор. Според ЦУК, 23 се целосно изгаснати, а еден, кај Белица и Јасен, е ставен под контрола. До 7:30 часот утрово нема активни пожари.

Во изминатото деноноќие во Македонија биле регистрирани 24 пожари на отворен простор, информира Центарот за управување со кризи. До 7:30 часот утрово нема активни пожари – 23 се целосно изгаснати, а еден е ставен под контрола.
Пожарот под контрола избувнал во атарот на селото Белица, на местото Кајорец, во Општина Македонски Брод, а потоа се проширил кон Јасен во Општина Сопиште. Зафатени се нискостеблеста и мешана шума.
Пожари биле регистрирани и во Шуто Оризари, Илинден, Гази Баба, Могила, Новаци, Крушево, Струмица, Ново Село, Босилово, Струга, Велес, Свети Николе, Штип, Виница, Куманово, Старо Нагоричане и Врапчиште.
На повеќето локации гореле ниска вегетација и отпад, но биле зафатени и депонии, стрништа и шумски површини. Во Босилово и Струга биле регистрирани по три пожари, а во Свети Николе и Куманово по два.
