Собрание

Во Собранието одбележување на Меѓународниот ден на демократијата

15.09.2026 08:46

Во Собранието денеска ќе биде одбележан 15 Септември – Меѓународниот ден на демократијата. На настанот ќе се обратат претставници на Собранието и амбасадорот на Швајцарија, а ќе биде одржана и дискусија со учениците на тема демократија.

Во Собранието денеска ќе биде одбележан Меѓународниот ден на демократијата – 15 Септември. На настанот, како што е најавено, воведни обраќања ќе имаат Златко Атанасов, државен советник и раководител на Парламентарниот институт, потпретседателот на Собранието, Антонио Милошоски и амбасадорот на Швајцарија во Македонија, Кристоф Зомер.

Потоа се предвидени прашања на тема „Демократија“ за учениците кои ќе бидат присутни, а ќе ги поставуваат советникот – историчар Соња Стаменковска и советникот за правно-политичка едукација, Даниел Гоќески.

Предвидено е да биде емитуван и видеоматеријалот „Како Шари стана пратеник?“ по што ќе следува дискусија со учениците и пратениците со Стаменковска и Гоќески.