армија

Генерал-мајор Лафчиски ќе учествува на 29. Конференција на началниците на Генералштабови на армиите од земјите членки на САД-Јадранската повелба (А-5)

15.09.2026 09:01

Покрај земјите основачи: Република Северна Македонија, Албанија и Хрватска, од 2008 година членки се и Босна и Херцеговина и Црна Гора, додека Словенија, Србија и Косово имаат статус на земји набљудувачи...

Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, од денеска престојува во тридневна работна посета во Задар, Република Хрватска, каде што утре, 16 септември, ќе учествува на 29. Конференција на началниците на Генералштабовите на армиите на земјите членки на САД-Јадранската повелба (А-5). Конференцијата, која оваа година се одржува на тема „Остварување на регионалните придобивки“, претставува можност за размена на мислења и искуства во насока на унапредување на регионалната одбранбена соработка, како и за разгледување на можностите за натамошно зајакнување на безбедносното партнерство меѓу земјите членки на А-5. САД-Јадранската повелба (А-5) е регионална иницијатива за одбранбена и безбедносна соработка, воспоставена во 2003 година под покровителство на Соединетите Американски Држави.

Покрај земјите основачи: Република Северна Македонија, Албанија и Хрватска, од 2008 година членки се и Босна и Херцеговина и Црна Гора, додека Словенија, Србија и Косово имаат статус на земји набљудувачи.