Култура
Концерт на младите оперски надежи во НОБ
15.09.2026 09:13
На големата сцена во НУ Национална опера и балет вечер ќе биде одржан традиционалниот гала оперски концерт „Млади оперски надежи – Коста Трпков“, под диригентско водство на маестра Бисера Чадловска...

На големата сцена во НУ Национална опера и балет вечер ќе биде одржан традиционалниот гала оперски концерт „Млади оперски надежи – Коста Трпков“.
Концертот, под диригентско водство на маестра Бисера Чадловска, е во рамки на одбележувањето на 60-годишнината од основањето на Факултетот за музичка уметност – Скопје.
На концертот ќе настапат студентите од класите по соло пеење, како и од Вокалното студио на Бисера Чадловска.
Концерт гости се професорите на студентите по соло пеење Горан Начевски, Весна Ѓиновска Илкова и Иван Наумовски
