Премиерот Мицкоски во работна посета на САД
Владина делегација, предводена од премиерот Мицкоски во работна посета на Вашингтон и Њујорк, каде што се планирани разговори на високо ниво во Сенатот, Конгресот и во Стејт департментот. Шефот на Владата ќе говори и на Генералното Собрание на Обединетите Нации...

Владина делегација, предводена од премиерот Мицкоски во работна посета на Вашингтон и Њујорк, каде што се планирани разговори на високо ниво во Сенатот, Конгресот и во Стејт департментот. Шефот на Владата ќе говори и на Генералното Собрание на Обединетите Нации.
Во гостувањето во централниот дневник, Мицкоски рече дека засега нема планирано средби со бугарската делегација, но потврди дека македонската влада останува на своите цврсти ставови и линии. Европската унија планира и состанок со земјите од Западен Балкан.
